ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК го запре постапувањето за набавка на 200 000 кинески антиковид-вакцини со посредничка фирма од Хонг Конг

Антикорупциската комисија денеска на седница одлучи да го запре постапувањето по пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за договорот на Владата за набавката на 200 000 вакцини против КОВИД-19 од кинеската компанија „Синофарм“ во 2021 преку посредничка „фантомска“ фирма „Стабри интернешенл“ од Хонг Конг.

Advertisements

-Иако во јавноста провејуваше дека ова е нелегално, реално во Македонија тогаш немаше законска основа. Владата донела одлука на затворена седница и го задолжила министерот за здравство Венко Филипче. Тој постапил, префрлени се парите за набавка на вакцини, но по реакција на кинеската страна, парите се вратени. Нема штета на буџет и ние како комисија нема што повеќе да правиме односно немаме основ да доставиме во Јавното обвинителство. Затоа предлагам Комисијата да го запре постапувањето по овој предмет, рече Горан Трпеноски, член на ДКСК.

Антикорупциската се обратила до Владата и Министерството за здравство за да им ја достават целата документација од која се потврдило дека бил склучен договор со посредничка фирма за набавка 200 000 дози вакцина од „Синофарм“.

-Од документацијата може да се заклучи дека Владата преку министерот за здравство има склучено договор со „Стабри интернешенл“ и се исплатени средства на „Стабри“. Но, кинеското МНР не дозволува склучување договори преку посредници односно приватни компании, а ние дури во април ги донесовме измените за да може да се набавуваат вакцини преку фирми кои немаат претставништво во Македонија. Парите биле платени во февруари, но по реакција на кинеската страна, парите се вратени на сметка на Министерството за здравство до 1 март. Владата на 16 март го задолжила Министерството за здравство да ги прекине сите активности поврзани со набавката на кинеските вакцини преку посредничката фирма од Хонг Конг, појасни Трпеноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button