МАКЕДОНИЈА
Стоилковски: Спрегата СДСМ – ДУИ погубна за државата и за народот

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат рече дека сите имиња, за кои од партијата велат дека имаат непријавен имот, водат до Владата, односно до владејачките СДСМ и ДУИ.
„Сите имиња водат до главата на октоподот, а октоподот се знае каде е, октоподот е во Владата. Сите афери што успеав да ги протнам во ова интервју, сѐ води до СДСМ и до ДУИ. Таа спрега е погубна за Македонија и за народот во Македонија, за сите. Тонеме во сиромаштија, во криминал и корупција и во неказнивост“, рече Стоилковски.