МАКЕДОНИЈА

„Живееме во општество кое изгради политички партии“

Филозофот Сеад Зимери, вечерва во „Емисија 200“ со Назим Рашиди, зборуваше за разочарувањето на граѓаните и нивното губење на вербата дека работите можат да се променат, но и како треба да се оценуваат владејачките гарнитури.

Advertisements

Тој рече дека не може да се очекува нешто поинаку, бидејќи, според него, не сме поставиле темели за да  видиме промени, пишува Алсат.

„Живееме во општество во кое државата сè уште не е целосно изградена, живееме во општество каде што изградивме политички партии, изградивме начин на размислување и делување што не одговара на она што треба да биде концептуално барем државна политика. Затоа, овие разочарувања кои ги гледаме секојдневно се нормален дел од политичките случувања во последните две децении. Не може да се очекува нешто поинаку, бидејќи не сме ги поставиле темелите за да видиме нешто поинаку“, рече Зимери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button