ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски не ги коментираше економските прогнози на Светска банка за Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски не го коментираше делот од извештајот на Светска банка во кој се наведува дека Северна Македонија годинава ќе има најслаб економски раст во споредба со земјите од Западен Балкан. Тој се задржа на препораките за антикризни мерки, подвлекувајќи дека тие се апсолутно насочени кон одредена категорија на граѓани.

Advertisements

Во најновиот извештај на Светска банка, се вели дека економијата на земјата ќе порасне само за 2,1 отсто. Според извештајот, Црна Гора ќе биде лидер со пораст од речиси 7 проценти, додека економските движења се солидни и во Босна и Херцеговина. Србија, Албанија и Косово ќе имаат пораст од над 3 проценти.

Светска банка очекува намалување на инфлацијата во следниот период, а се нагласува дека Македонија не се очекува да влезе во рецесија.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button