Тупанчевски: Одговорност за судиите кои оставаат незавршени предмети

Министерот за правда Никола Тупанчевски, оценува дека мора да се заврши ерата на држење на судски предмети во фиоки, за да може земјава да влезе меѓу земјите со европска правда. Според него, ова треба да започне со одговорност за оние кои оставаат нерешени предмети, иако како прв човек на Министерството за правда, не понуди решение за зголемување на бројот на судии и отстранување на забелешките наведени во Извештајот на Европската комисија.
И покрај бројката од 100.000 заглавени предмети и оценката за преоптоварени судови во Скопје и неефикаснос на судовите во другите градови, Тупанчевски вели дека државата се движи во добра насока.
Во извештајот на Европската комисија беше истакната и неуспешната мерка на шефицата на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, која назначи координатор во сите судови во земјава за следење на работата на судиите и текот на судските предмети. Во извештајот на ЕК, се препорачува земјата до следната година, да го заврши спроведувањето на стратегијата за реформи во правосудството.
Адриан Керими