ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич, во посета на земјава

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич, денеска престојува во посета на Република Северна Македонија.

Advertisements

„Целта на неговата посетата е да се разговара за понатамошниот развој на односите меѓу двете земји, да се повтори силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на Северна Македонија и да се потврди посветеноста за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и регионот на Западен Балкан“, соопшти Британската амбасада во Скопје.

Пич ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, спикерот Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button