ЕКОНОМИЈА
Поради пукната цевка, работата на РЕК „Осломеј“ ќе биде во 48-часовен прекин

Поради пукната цевка, работата на РЕК „Осломеј“ е во 48-часовен прекин, информираат денеска од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). Овој дефект, додаваат оттаму, често се случува во термоелектраните и брзо се санира.
„Се очекува РЕК ‘Осломеј’ повторно да биде на мрежа од сабота, 29 октомври“, информираат од ЕСМ.
Оттаму нагласуваат дека производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, односно за домаќинствата и малите потрошувачи, се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред сè, како што велат, со поинтензивно производство на двата блока во РЕК „Битола“.