ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Поевтина струја би донела поевтина основна храна за 10%

Ако Владата успее да обезбеди струја за прехранбената индустрија од 100 евра за мегават час, тогаш основните прехранбени производи би можеле да поевтинат за околу 10 отсто. Од пекарската индустрија велат дека поголемо намалување на цената не е можно поради скапите суровини на глобалните берзи. Во песимистичкото сценарио, доколку ситуацијата не се промени и компаниите не добијат помош од државата, тогаш лебот, млекото, зејтинот и останатите основни прехранбени производи би можеле до Нова година дополнително да поскапат. Ова е дел од дебатата во вечерашната емисија Економски магазин на Алсат во 22 часот.

Advertisements

„Врз основа на мерките коишто квалитетно ќе се преземат што следно ги очекуваме од страна на државата кон бизнисот, како еден чекор, па и понатамошни чекори, сметаме дека врз основа на тие чекори ќе има намалување на цените на прехранбените производи. Колкави ќе бидат тие намалувања тоа не зависи само од бизнисот, повторно велам, зависи конкретно од влезните инпути“, вели Георгиевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button