ЕКОНОМИЈА
„МТЕЛ“ почнува со телефонија, интернет и ТВ во Македонија

МТЕЛ, членка на групацијата Телеком Србија од денеска кај на почна да нуди мобилна телефонија, интернет и пакет други услуги кои вклучуваат и сателитска телевизија. Како што соопштија од компанијата, една од главните предности е тоа што се единствениот телекомуникациски оператор кој им овозможува бенефиции и пристап до ексклузивни дигитални содржини и на своите при пејд корисници. Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ денеска од Скопје најави дека МТЕЛ наскоро ќе има и нови инвестиции, нови работни места и ширење на мрежата на локални партнери. Телеком Србија веќе дава услуги од областа на мобилната телефонија, интернетот и телевизијата за повеќе од 11 милиони корисници во регионот и Европа.