ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Културен простор“: Тужба за Касами за изречените навреди

Општина Тетово ја прекина соработката со здружението „Кутурен простор, кое врз основа на претходен меморандум користеше неколку простори под надлежност на општината, за активностите на здружението. Градоначалникот на општината Билал Касами рече дека одлуката е донесена врз основа на поплаките на родителите, кои се жалеле на гласна музика до доцна во ноќта, прекумерна употреба на алкохол..

Advertisements

„Врз основа на поплаките упатени до општина Тетово од родители кои се пожалиле дека таму има активности кои немаат врска со културни активности, туку ги користат основци и средношколци на возраст под 18, ние како општина се обврзавме на заштита на имотот и јавниот интерес, и носиме одговорност за секаков вид на непогоди што може да се случат. Првично жалбите на родителите се за присуство на деца под 18 години, додека има активности кои навистина треба да бидат за лица над 18 години – лично имам такви поплаки од родители на ученици во основно, а не во средно. Значи порнографски активности“, рече Касами.

Челниците на здружението ги отфрлија тврдењата на општината, а најавија и тужба против Касами за изнесените обвинувања. Според челниците на здружението, на овие простори се одвиваат културни активности како поезија, сликарство, играње. Од здружението велат дека при анкетата што ја направиле со жителите ја добиле нивната поддршка за нивната активност.

„Шокирани сме од оваа длабоко навредлива изјава, особено што доаѓа од просториите на градската општина, која треба да биде прва помош за подобрување на условите за граѓаните и младите. Ние како заедница за оваа сериозна дезинформација и клевета ќе апелираме до надлежните правни институции, амбасадите на пријателските земји и сите слободни граѓани, да го осудат ова навредливо обвинување, и типично средновековно незнаење. Ова е срамно што не заслужува одговор, бидејќи во реалноста сите активности на Спејс Култура се јавни, онлајн и документирани што се случило“, рече Мухамер Мустафа, здружение „Културал спејс Тетово“.

До судирот меѓу здружението „Културен простор“, и општина Тетово, дојде само неколку дена откако истече договорот на здружението со општината за користење на просторите на поранешното Радио Тетово, договор што првиот човек на општина Касами не го продолжи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button