ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски кажа во кој случај ќе ѝ честита на владата, а во кој би ѝ се случило народ!

Ако владата постигне решение со Бугарија, заштитувајќи го нашиот македонски јазик и неговата историја, без да се откаже од македонското  малцинство во Бугарија и со кое фашистите нема да бидат административци, јас ќе им ја стегнам раката и ќе им честитам дека ги одбраниле македонските национални интереси, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

Advertisements

„Но, во исто време, предупредувам, ако владата се обидува да преговара за решение коешто ќе го негира нашиот идентитет, историјата, антропологијата на нашиот македонски јазик, неговата посебност, во која ќе ги понижи жртвите на македонските дејци коишто се бореа за современа независна македонска држава, ако преговара за решение со кое ќе се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако преговара за решение кое подразбира дека окупаторот бил административец, тогаш јас ви ветувам, ќе му се случи народ. Истиот ден, низ цела Македонија“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button