
Во последните 24 часа направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани се 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати, а нема ниту пријавени смртни случаи согласно регистарот од Мој Термин.