ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Догодина поскапи туристички аранжмани за најмалку 20%

Хотелиерите на охридско-струшката ривиера веќе преговараат со странските тур-оператори за поскапи аранжмани за следното лето. Велат дека актуелната ситуација со високите сметки за струја и драстичниот пораст на цените на прехранбените производи го прават нивното работење со постоечките цени нерентабилно.

Advertisements

„Се надеваме наредната година да се смири ситуацијата и со некои нови договори и цени кои веќе ги преговараме да најдеме некое заедничко решение, па да видиме што ќе се случува понатаму. Повисоки минимум 20% барем за странските тур-оператори, како би можеле да се вклопиме во целата оваа ситуација“, рече Перо Кутаноски, менаџер на хотел.

Летово странските гости плаќале по претходно договорените цени и покрај сите поскапувања кои се случија во текот на годинава. Но, сега дека поскапите аранжмани ќе бидат реалност се согласуваат и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Цените ќе треба да се ревидираат, затоа што во нив ќе треба да бидат вкалкулирани и висината на одредени други енергенси… Ако имаме зголемување на цените до 20 и 30%, па и повеќе проценти, очекувам аранжманите да бидат нивелирани или да бидат зголемени за одреден процент“, рече Љупчо Јаневски-директор на агенција за туризам.

Туристичките работници се надеваат наредната година ситуацијата со војната во Украина евентуално полека да се стабилизира, а со тоа да дојде и до постепено стабилизирање на цените на сите производи.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button