Како до 2/3 за уставни измени, еве што вели поранешниот вицепремиер, Наумовски

Професорот и поранешен вицепремиер за европски прашања, Васко Наумовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, говорејќи за актуелната состојба во државата, во однос на немањето на потребното двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот и внесување на Бугарите во него, оценува дека ќе престои период на политички пазарења, а според него, едно од нив би можело да бидат и предвремени избори за да се добие зелено светло од опозицијата во Парламентот.
„Знаеме дека сите политички партии ќе се пазарат, меѓутоа, ако на опозицијата ѝ се понудат предвремени парламентарни избори, хипотетички, во 2023 -тата, а за возврат да ги поддржи уставните измени… За опозицијата ќе биде незгодно да го оправда своето гласање затоа што ќе биде во ситуација да се повлече од својот став дека нема да гласа за Бугарите во Уставот… секогаш ќе може да се најдат добри оправдувања“, рече Наумовски.