ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Избрани двајца нови уставни судии

Собранието конечно избра двајца нови членови на Уставниот суд, институција која беше на работ на целосна блокада бидејќи беше загрозен кворумот. Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер се двајцата нови судии, а предлогот за избор на Љубомир Јовески остана закочен во матичната комисија. Опозицијата оценува дека ваквата изборна постапка била проследена со кршење на Деловникот.