Ристо Пенов стана министер

Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа, чие име беше изгласано по неколкудневна расправа во Собранието. Опозицијата беше против неговиот избор, целосно спротивставувајќи се на политиките на актуелната власт.
„Треба да се земе предвид распределбата на ресурсите. Треба да се има во предвид повеќе да се развиваат општините кои се помалку развиени, односно помалку развиените региони, бидејќи дисбалансот е исклучително голем. Затоа, тој треба да има пристап и до помошта што ја дава Владата, за да не се повтори феноменот како со помошта за штипскиот аеродром, каде сите општини добија пари, освен општина Гостивар“, рече Халил Снопче, Алијанса за Албанците.
Пенов ја презема функцијата од која Горан Милевски поднесе оставка пред неколку недели од, како што рече, лични причини.
Фатлуме Дервиши