Нема вештаци, доцни крајот на судењето за „Ласкарци“

Недостигот на вештаци е причината што случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци каде животот го загубија 16 лица веќе неколку години останува без судски епилог. На ова прашање со шега одговори првиот човек на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев.
Барањето за супер-вештачење до Бирото за судски вештачења беше испратено во ноември 2021 година. За тоа до каде е изработката на супер-вештачењето, кога може да се очекува да биде готов овој документ и дали новиот закон за вештачење ќе ја забрза изработката на овој документ, од оваа институција не најдоа време да одговорат на нашите прашања.
Изработката на супер-вештачењето претходно беше одбиено од сите надлежни факултети во земјава. Министерот за правда одби да го коментира конкретниот случај, но нагласи дека голем дел од дефектите во делот на судските вештачења ќе се решат преку новиот закон за вештачење, кој ќе биде ставен во владина процедура во текот на следната недела.
На 13 февруари 2019 година во автобуска несреќа животот го загубија 16 патници, а 38 беа повредени. Судскиот процес почна на 5 септември 2021 година, но крајот сè уште е далеку. Обвинети се шест лица, меѓу кои сопственикот на Дурмо турс, Дурмиш Бељули, одговорниот за транспорт во компанијата, Ремзи Мифтари, возачот на автобусот Маноил Трифуновски, како и тројца вработени во станицата за техничка контрола.
Ардит Рамадани