ВЕСТИ

Утре во Благоевград – Мицкоски, Трајанов, Левица, Интегра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре ќе биде во Благоевград, Бугарија, каде ќе биде отворен македонскиот културен клуб, Никола Вапцаров. Мицкоски појасни дека ќе оди за да покаже национално единство и грижа за македонското малцинство во Бугарија, пишува Алсат.

Advertisements

Свое присуство најави и Павле Трајанов, инаку дел од власта, потоа од партиите Левица и Интегра, а наместо претседателот Пендаровски ќе оди шефот на неговиот кабинет. Премиерот Димитар Ковачевски нема да се појави. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека отворањето на вакви клубови веднаш било политички злоупотребено. Тој нагласи дека зад клубот во Благоевград стои фондација од Канада, со историја која не им служи на стратешките интереси на државата./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button