ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нова епизода од теленовелата „Пруга кон Бугарија“, а серијата ќе завршела оваа деценија

Три децении од почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, денеска нова церемонија. Стартуваше изградба на источниот дел од коридорот 8 од Куманово до Крива Паланка. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека е свесен за скептицизмот кај граѓаните дека пругата никогаш нема да се изгради, но вети дека ќе ги удвои напорите. За значењето на оваа пруга зборуваше и бугарскиот премиер, додека директорот на Железницата, Хари Локвенец, рече дека пругата ќе биде готова до крајот на оваа деценија, пишува Алсат.
„Бидејќи е желба за комуникација меѓу граѓаните, наша обврска е да ги вложиме сите напори за да одговориме на очекувањата преку изградба на важни стратешки проекти, вклучително и железницата“.рече Галаб Донев, премиер на Бугарија.