Официјално нема кандидатури за поглавар на ИВЗ

Официјално сè уште не е поднесена ниедна кандидатура за поглавар на ИВЗ, иако изборите беа распишани пред неколку дена. Тетовскиот муфтија Ќани Несими денес објави дека ќе се кандидира за оваа функција. Таква најава неодамна имаше и од вршителот на должноста поглавар на ИВЗ, Шаќир Фетаху. Претседателот на Изборната комисија каде се поднесуваат кандидатурите, Муамер Весели, рече дека очекува новиот реис да биде избран најдоцна до четврток.
“Откако кандидатурите ќе бидат доставени до Комисијата, тие ќе бидат проверени и доколку ги исполнуваат условите, ќе бидат доставени на одобрување во Ријасетот. Има многу заинтересирани. После тоа, ќе се состават списоците и изборното тело ќе гласа. За да се смета за потенцијален кандидат, кандидатот мора да добие најмалку 1/3 од гласовите. Нема да дозволиме никакви спорови. Сакаме да ги надминеме непријатните ситуации и да го вратиме ИВЗ на местото што го заслужува”, вели Мухамер Весели – претседател на изборната комисија во ИВЗ.
Тетовскиот муфтија, Ќани Несими, за Алсат истакна дека во случај да му биде доверена довербата меѓу другото, тој ќе се залага за промена на Уставот и за максимална транспарентност.
“Трката се прави според старите правила, но се надевам дека на крајот на трката, кој и да победи, ќе биде упорен во промена на Уставот. Ако ми биде доверена таква одговорност, што не ја чувствувам како привилегија, туку како одговорност ќе бидам многу упорен да започнам промени, дополнување и прилагодување на уставот на Исламската верска заедница, според сите стандарди на еден устав, дека ние географски живееме во ЕУ, но исто така за да не примаат таму, мора да го следиме тој пат, на функционирање на законот пред се“, вели Ќани Несими – муфтија на Тетово.
Кандидатите за таквата позиција мора да ги исполнуваат условите утврдени во Уставот на ИВЗ и Правилникот за избори:
1-Да има завршено Факултет за исламска теологија,
2-Да има работно искуство во редовите на ИВЗ најмалку 10 години,
3- Да има над 40 години
4- Потенцијалниот кандидат за Реисул-Улема да биде предложен од најмалку еден член на Ријасетот на ИВЗ,
5-Потенцијалните кандидати за Реисул-Улема, мора да бидат поддржани од најмалку 1/3 од членовите на Ријасетот,
6- Потенцијалните кандидати за Реисул-Улема мора да достават план во писмена форма.
На крајот на мај оваа година, Исламската верска заедница одржа вонредна седница на која со мнозинство од 2/3 донесе одлука за разрешување на тогашниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Реџепи беше разрешен според член 58 од Уставот на ИВЗ во кој се наведува дека поглаварот на ИВЗ се разрешува кога „тој не ги исполнува обврските за кои е избран, кога неговите ставови и работа се спротивни на исламските норми и нормативните акти на ИВЗ, кога работи против одредбите и одлуките на надлежните тела на ИВЗ, кога ја злоупотребува својата позиција на штета на интересите на ИВЗ“.
Истиот ден, Ријасетот одлучи да го назначи Шаќир Ефенди Фетаху за вршител на должноста претседател на ИВЗ.
Еви Шкопи