Одобрен обвинителниот акт против високиот владин функционер, М.З.

Основниот суд Скопје го одобри обвинителниот акт против поранешниот висок владин функционер, М.З. кој се товари за злоупотреба на службена положба и овластување, објави на својата интернет страна Основниот суд во Скопје. Како што се наведува, обвинителниот акт е поднесен на 22 октомври од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Соопштението од Судот го пренесуваме во целост:
ценејќи ги сите факти и докази во обвинението, донесе решение за оценка со кое ги одби доставените приговори, а актот го прифати во целост.
Согласно оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 193/22 и истиот е распределен со АКМИС – системот на понатамошно постапување кај судечки совет кој по насрочеување на главната расправа ќе достави покани до странките, а терминот за судење ќе биде достапен и на календарот за судење на веб страната на судот“.