ВЕСТИРЕГИОН

Борел: палењето автомобили на северот на Косово е неприфатливо

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел смета дека е неприфатливо да се палат возила на северот на Косово кои се пререгистрирани од српски на косовски таблички. Оваа оценка тој ја даде по денешната средба со премиерот на Косово, Албин Курти.

Advertisements

„Разговарав за ситуацијата на северот на Косово. Нарушувачките дејства, како палење автомобили, се неприфатливи“, објави Џозеп Борел на Твитер. Тој ги повика сите страни на воздржаност и почитување на сите договори постигнати во рамките на бриселскиот дијалог. Средбата меѓу Борел и Курти се одржа во Берлин каде што се одржува самитот во рамки на Берлинскиот процес.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button