ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе донесе одлука дали ќе присуствува на лидерската средба, Мицкоски вели не добил покана

ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе се консултира со коалициските партии и со раководството и пратеничката група за став дали ќе присуствува на лидерска средба што за понеделник ја организира премиерот Димитар Ковачевски, соопшти претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, додавајќи дека сè уште не добил покана и не го знае планот за средбата.

Advertisements

Според него, на лидерска средба треба да се разговара за суштински работи и реални проблеми што ги мачат граѓаните, како што е порастот на цените и инфлацијата, а не за уставни измени зашто ВМРО-ДПМНЕ за тоа нема да го смени ставот.

-Добро е да се разговара за актуелните проблеми, за она што ги мачи граѓаните – за беспарицата и високите цени, инфлацијата, енергетската состојба, криминалот и корупцијата. Тоа е суштината и како политичари треба да најдеме решение за проблемите на граѓаните и за тоа сум подготвен да разговараме во кое било време. Затоа што денеска никој не зборува за уставните измени што му текнале на Ковачевски и на таа мала група околу него за да ги спасуваат своите политички кариери уште некој месец, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Додаде дека ако одат на лидерската средба нема да го променат ставот за измени на Уставот и дека сега е доцна за широки консултации по однос на уставните измени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button