Претставник од ССК кажува од кога би можело да очекуваме поевтини прехранбени производи

Претседателот на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Георгиевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат изрази очекување дека одредено намалување на цените на некои прехранбени производи би можело да се очекува од јануари следната година, но под услов да нема поголеми промени во набавните суровини.
„Потребен е еден сублимат од неколку квалитетни чекори коишто ќе значат подлабоко намалување на цените. Ова е добар исчекор, констатиравме и процент за кој би требало да се намалат цените на производите. Од 1 декември почнува снабдувањето со струја по таа цена, од 80 евра за мегават час и претпоставувам од почеток на јануари следната година да има реални услови да се изврши намалување на цените. Сето тоа под услов да имаме стабилни влезни суровински импути со вакви цени“, рече Георгиевски.