ЕКОНОМИЈА
Бизнисмените очекуваат намалување на цената на пченицата

Румен Смилевски од бизнис секторот и трговец со брашно, шеќер и масло за јадење, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, оценува дека покачувањето на цената на пченицата во Србија овој период е минливо и оти следува период на нејзино намалување. Како што појасни тој, порастот на цените се должи на намалувањето на резервите поради одредени потези на земјоделците.
„Во Србија има доволно пченица, но земјоделците не ја продаваат. Поради тоа се создава недостаток и се качува цената. Цената во Србија се покачи за 7-8 проценти, но тоа е под берзанската. Во Србија има доволно пченица, мислам дека понатаму трендот ќе биде цената да оди надолу.