ЕКОНОМИЈА
Субвенции за нафта сериозно би му помогнале на стопанството

Бизнис секторот би бил задоволен ако владата донесе одлука за субвенционирање на нафтата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, претставникот од бизнис секторот, Румен Смилевски. Како што вели тој, тоа би можело сериозно да им помогне на стопанствениците.
„Јас сум за мерки кои ги имаат повеќето субјекти. Една од главните, за цело стопанство, е намалување на нафтата. Ние имаме сериозно пониска цена од други држави во регионот, но ако сака државата да помогне мислам дека субвенционирање на нафтата би било прав погодок“, рече Смилевски.