Македонија ги губи пазарите за некои градинарски производи
Македонија ги губи пазарите за некои градинарски производи

Македонија од година во година ги губи пазарите за традиционалните производи, како што е случајот со некои градинарски производи. Причината за тоа, велат експертите е малиот капацитет на производство и покрај високиот квалитет, но и големата конкуренција во регионот. Наместо од домашно производство, граѓаните сè повеќе јадат земјоделски производи од увоз.
„Доматот е намален за повеќе од 60%. Доматот како производ во градинарството е со најголема додадена вредност и извозно гледано внесува највеќе девизи. Тоа за мене е застрашувачки…“, рече Благој Муканов-експерт за земјоделство.
Домашните земјоделци не само што се борат против скапите репроматеријали, горива и ѓубрива, туку и со отворањето на регионалните пазари.
„…Ние не можеме да постигнеме некоја цена којашто би гарантирала некоја стабилност на фармерот и малку ако ги подотворите пазарите на конкурентските земји, како Албанија, Албанија има многу поголема климатска предност и трошковно ќе биде многу подобра од нас. Не користи греење…“, изјави Благој Муканов-експерт за земјоделство.
Зависноста од увоз на производи е главна причина и за растечката инфлација, не само кај нас, туку и во другите земји од опкружувањето.
„Ако нешто што го увезуваме поскапи, а сè поскапе, тогаш цените мора да одат нагоре. Инфлацијата од септември наваму е светски проблем, особено европски. Македонското земјоделство е зависно од увоз 70,92% во 2022 година, а српското 49,09%. Ова исто така значи дека доколку некој сака да воведе санкции и да не може да се увезуваат одредени производи, автоматски се доведува во прашање отпуштање на работници и затворање на компании“, нагласи Петар Кочовиќ-универзитетски професор од Белград.
Професорот вели дека единствен начин да се избориме со ваквата ситуација е што е можно поголем процент на роба која се увезува да се замени со домашни производи, но за тоа е потребно време. Како пример за самоодржливост ја посочува поранешна Југославија, кога државата увезувала само 25% од потребните производи./Alsat.mk
Мики Трајковски