ВЕСТИРЕГИОН

Полицајци од северот на Косово ја раздолжуваат опремата, оставки има и во Основниот суд во Митровица

Србите од северот на Косово продолжија да ја формализираат својата одлука за повлекување од косовските институции. Од утрово во Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица се поднесуваат оставки, а полициските службеници ја раздолжуваат опремата и оружјето.

Advertisements

Десет пратеници на Српската листа во Собранието на Косово утринава ги вратија мандатите, а од Секретаријатот на Собранието потврдија дека сите пратеници на Српската листа ги вратиле мандатите со образложение дека тоа го прават од морални и лични причини, пренесуваат српските медиуми.

„Управата во Секретаријатот на Собранието ги прифати оставките и уредно ги евидентираше во протоколот“, соопштуваат од Секретаријатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button