
Бугарија ѝ даде букви и писменост на Европа уште пред 12 век, а благодарение на старобугарската книжевност која никна во Преслав и во Охрид, Бугарија стана втор центар на цивилизацијата после Византија, ијавија бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова на Меѓународниот форум за кирилицата на тема „И ние сме му дале нешто на светот“, пренесува БГНЕС.
Јотова рече дека претседателската институција оддава признание на научните откритија на бугарските интелектуалци и нивната упорност во барањето на вистината за богатата бугарска култура. „Недозволиво е денеска историјата да се менува и преиначува во корист на геополитички интереси“, вели Јотова.
Таа на форумот рече дека има тенденција бугарскиот јазик да се изместува со факти кои немаат ништо заедничко со науката. „Кирилицата е амблем на православието, а освен тоа, го докажува и бугарскиот придонес и во Европа и во Северна Азија.
За Радев не може да се зборува за кирилицата без да се спомене придонесот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици.
„Претворајќи се во наш најскапоцен дар за човековата цивилизација, кирилицата гради мостови, таа продолжува да им служи на десетици националности низ светот“, рече Радев.