ВЕСТИРЕГИОН

Стано: Белград и Приштина да ги намалат тензиите и да најдат европско решение

Белград и Приштина треба веднаш да ги намалат тензиите на терен и да работат на изнаоѓање европско решение за проблемот со регистарските таблички, изјави во Брисел портпаролот на Европската унија Петер Стано и нагласи дека „има јасна обврска Приштина веднаш да преземе чекори кон формирањето на Заедницата на српските општини“.

Advertisements

Според Стано, „опасната ескалација“ на терен го доведува во прашање сето она што е постигнато во текот на годините со работа на нормализација на односите.

„Сегашната ситуација може да има последици не само за Белград и Приштина, туку и за стабилноста на целиот регион. Ги повикуваме двете страни да бидат одговорни и да најдат европско решение за проблемот“, вели Стано.

Тој додава дека формирањето на Заедницата на српски општини е дел од правно обврзувачкиот договор за Косово.

„Одбивањето да се работи на него претставува поткопување на владеењето на правото и му штети на угледот и кредибилитетот на Приштина“, додава Стано.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button