ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД од денеска со нова амбасадорка во Скопје

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, денеска во Министерството за надворешни работи ги предаде копиите од акредитивните писма. Од страна на македонската дипломатија било истакнато дека со нејзиното искуство амбасадорката Агелер ќе придонесе кон понатамшно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката. Со властите во Скопје таа зборувала за Стратешкиот дијалог со САД, но и за силното сојузништво меѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, со акцент на руската воена агресија во Украина. Агелер претходно на сослушувањето пред американските сенатори најави дека борбата со корупцијата во земјава ќе биде еден од нејзините главни приоритети. Ова не е нејзина прва функција во Скопје. Петходно беше задолжена за односи со јавноста на американската амбасада.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button