ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
ВМРО со обвинувања до власта: „Инфлацијата е вон контрола“
ВМРО со обвинувања до власта: „Инфлацијата е вон контрола“

Според ВМРО-ДПМНЕ, нестабилноста и предоцна донесените владини мерки за намалување на инфлацијата, биле причина за енормниот раст на цените кај нас.
Од опозицијата сметаат дека инфлацијата се разгорела и поради историско ниското домашно производство на електрична енергија, зголемените акцизи на нафтените деривати, немањето реакција од стоковите и нафтените резерви и лошото работење на Народната банка.
Фирмите во Македонија плаќаат една од највисоките цени на електрична енергија. Сето ова, според ВМРО е потврда дека инфлацијата е вон контрола.