Пропадна и денешниот обид за отпочнување на судењето за модуларната болница во Тетово

Трет пат по ред е одложено одржувањето на првото судско почиште против тројцата обвинети за опожарената модуларна болница во Тетово. И денеска, исто како и минатиот пат, на судење не дојде еден од адвокатите на одбраната. Овој пат не дојде адвокатот на доктор Бобан Вучевски, за што судијата одлучи да го одложи рочиштето за 7 декември, но со услов главната расправа да се одржи со или без адвокати.
Во меѓувреме, адвокатите на обвинетите, Флорин Бесими и Артан Етеми, се пожалија дека обвинителството не им овозможило пристап до изјавите на сведоците врз основа на кои е изготвен случајот. Судијата дозволи опис на доказите, за што беше дадено време од еден месец. Првообвинетиот, поранешниот директор на тетовската клиничка болница, Флорин Бесими рече дека очекува судењето да не се одолговлекува.
“Единствена желба ми е овој процес да почне што поскоро, да ми даде можност да ја докажам мојата неоспорна невиност во судскиот процес и да ја информирам јавноста за тоа“, рече Бесими.
Во пожарот во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица. Истрага се водеше една година од пет домашни обвинители и тим германски експерти, по што тетовското обвинителство поднесе обвинение против три лица, поранешнииот директор на болницата, Флорин Бесими, поранешниот економски директор, Артан Етеми и дежурниот доктор во Ковид центарот, Бобан Вучковски и против Тетовската болница.
Башким Сулејмани