МАКЕДОНИЈА

Агелер: Поддршка од САД за правда, економски раст и личен развој

Новоименуваната американска амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер на претседателот Стево Пендаровски денеска ги предаде акредитивните писма. Во обраќањето, таа потсети дека не е за првпат во дипломатска служба во Скопје, додавајќи дека од нејзиниот последен пат во земјава, Северна Македонија донела тешки одлуки што ја поместиле напред на патот на евроатлантските интеграции. „Иднината е навистина светла, и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици“, рече Агелер.

Advertisements

Амбасадорката истакна дека САД ѝ дава поддршка на земјава во почитувањето на владеењето на правото, еднаквите можности за правда, економскиот раст и личниот развој. „Северна Македонија се соочува со предизвици во темелите на сите овие столбови. Како што вие продолжувате да одите напред, така Соединетите Држави ќе бидат тука како партнер, сојузник и пријател, негувајќи односи, што ќе стануваат се посилни, подлабоки и попродуктивни“, заклучи Агелер, која претходно на сослушувањето пред американските сенатори нагласи дека борбата против корупцијата во земјава ќе биде нејзин главен приоритет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button