Аналитичари по лидерската средба – тешко ќе се постигне договор

Ден по средбата на лидерите на парламентарните партии, никој не знае дали овој формат ќе продолжи со други средби во брз период. Евентуалното враќање на маса на лидерите е уште понејасно бидјечи од средбата не произлезе никаков договор, изјава или заклучок и не беше забележано поместување од првичните позиции.
Аналитичарот Петар Арсовски оценува дека решавањето на прашањата ќе биде тешко.
За Арсовски проблем е што вакви средби се организираат само кога има криза и што не се прават слични напори за внатреинституционални решенија, во Собранието.
Нема разлика меѓу албанските партии во нивниот став за отстранување на 20 отсто и нивните барања се легитимни, вели Арсовски.
Власта на средбата побарала поддршка за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ побарала предвремени избори, Алијанса за Албанците побарала отстранување на 20 отсто од Уставот, а Демократскиот сојуз побарал признавање на македонското малцинство во Бугарија.
Фатлуме Дервиши