
Во вториот дел од Програмата 200 гостин беше Адри Нурелари, член на раководството на ДПК, во директна врска со Skype.
Нурелари оцени дека нема внатрешни тензии на Косово и покрај несогласувањата што може да ги имаат со премиерот Курти.
„Не верувам дека имаме внатрешни тензии. Иако не се согласуваме со многу работи на господинот Курти, со неговото аматерско однесување, заедно сме пред Србија“, изјави членот на раководството на ДПК, Адри Нурелари.
Според него, ДПК има големо искуство во владеењето, особено со преговорите и односите со меѓународната заедница./Alsat.mk