ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сѐ погласни барањата на опозицијата за предвремени избори

Сѐ погласни стануваат барањата на опозициските партии за  предвремени парламентарни избори . Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива проценува дека честиот недостиг на кворум во Собранието го отежнува не само внатрешното функционирање на државата, туку и ги ослабува  меѓународните односи.

Advertisements

“Широка техничка влада е најдобрата можност што ќе овозможи поделба на одговорностите од сите за компромисите што треба да се направат, особено во однос на Бугарија, поради што земјата ризикува да ја изгуби можноста да започне преговори со ЕУ, но исто така и за управувањето со ситуацијата предизвикана од КОВИД-19“, велат од Коалицијата АА-Алтернатива.

Според нив, широката техничка влада треба да има мандат до редовните локални избори во октомври, кога  ќе бидат организирани предвремени парламентарни избори.

И ВМРО ДПМНЕ бара широка влада. Но, Владата мисли поинаку.

Според СДСМ, проблемот со недостаток на кворум во Собранието може да се реши доколку ВМРО-ДПМНЕ се согласи за измени на  Деловникот, со кои ќе се  овозможи да  дебатираат и да  гласаат и  пратениците кои имаат одлука за изолација. Таквиот предлог е поддржан и од ДУИ, која вели дека помирувањето меѓу сите страни ќе биде прифатливо.

„Сметаме дека околностите со кои се соочуваме се вонредни, иако официјално не прогласивме вонредна состојба. Тогаш и Собранието и политичките партии кои учествуваат во Владата ќе треба да се договорат за промена на Деловникот за работа на Собранието што би овозможило такво нешто“, рече Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.

Изолацијата на заразените пратеници од мнозинството ја отежнува работата на Собранието, но опозицијата не прифаќа ниту еден аспект од работата преку „Интернет“.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button