ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Алијанса за Албанците да остане во опозиција

Предвремените избори се неопходност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Првиот човек на оваа партија Христијан Мицкоски не ја исклучи можноста владата да се обиде да придобие пратеници од нивната коалиција за да ги одобри уставните измени за внесување на Бугарите, но убеден е дека тоа овој пат нема да успее.
Мицкоски ја охрабри Алијанса за Албанците да остане во опозиција. Вели дека ако оваа партија сега влезе во Владата, тоа значи дека партијата на Арбен Таравари ги поддржува политиките на СДСМ и ДУИ.
Неколку дена по средбата на лидерите на парламентарните партии, не се знае дали ќе има или не други вакви средби додека евентуално не се постигне договор за уставните измени за бугарското малцинство.
Фатлуме Дервиши