ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Струшките земјоделци купуваат агрегати за неизвесната зима

Во страв од можни рестрикции со електрична енергија, струшките фармери купуват агрегати за да може да ја поминат зимата, за која велат дека ќе биде тешка и многу неизвесна.

Advertisements

„Годинава со последните исплати за млекото, кои беа некаде околу 60 000 денари, обезбедив агрегат и дел од тоа за есенската сеидба за ѓубриво ги употребив парите. Не можеме да завршиме никаква работа без струја и мора да се снајдеме некако“, вели Бране Дамјаноски-сопственик на фарма за крави.

Дополнителен проблем е што многу земјоделци, плаќаат струја по индустриска цена, а се соочуваат и со драстичен пораст и на цените на неопходните репроматеријали.

„Сточната храна е за 100% зголемена.Сега пченката, основната состојка во храната е некаде 22 денари по килограм.А беше 18 денари. Со тенденција дека уште ќе се зголемуваат житариците.Државата се обидува да ни помогне, но треба да слезе долу меѓу народот.Јас велам дека треба во секое село да има еден инспектор за да видат кои се правите земјоделци во тоа населено место и да ја насочат помошта кај правите земјоделци“, рече Бране Дамјаноски-сопственик на фарма за крави.

„За репроматеријалите,се зголемени два пати и три пати, а некои и за повеќе пати.Додека нас суровината ни се откупува испод цена, ние немаме никакви економска логика со ова што го работиме, а некој друг го собира кајмакот. Млекото и сирењето во маркетите отиде до плафон, а на нас ни се плаќа од 27 до 30 денари..Нема најави за негово зголемување. До каде ќе се оди вака не знаеме“, вели Јованчо Мечкароски-сопственик на фарма.

Во струшко, сѐ повеќе хектари земја остануваат необработени. Од некогаш плодното струшко поле, сега нема ништо.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button