ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид не ја дислоцира депонијата Буково

Локалната власт во Охрид нема пари да ја дислоцира постоечката депонија кај Буково, каде се носи охридскиот отпад. Eдна од главните препораки на УНЕСКО беше до 2020 година да се дислоцираат и охридската и струшката дива депонија. Ова значи дека барањето на Светската организација за заштита на природното и културно нема во догледно време да се реализира.

Advertisements

„Ова е еден голем проблем, кој ние како општина далеку дека можеме да го реализираме. Ако ја тргнеме депонијата во Буково се потребни според висината на проектите околу 14 милиони евра. Сериозна е бројката. Заедно со тековните обврски само долгот на општината е околу 13 милиони евра, а годишниот буџет на општина Охрид е околу 10 милиони евра…“, рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Во Буково секојдневно се носат и по 90 тони најразновиден смет, а во текот на летото и за неколку пати повеќе. Охриѓани и граѓаните од околните села се чини уште долго ќе се гушат во чадот кој многу често доаѓа од неа поради честите опожарувања на депонијата. Инаку, остануваат само уште три месеци до февруари, крајниот рок кој УНЕСКО го даде за локалната и централната власт да достават извештаи за сработеното.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button