Закани за поставени бомби во четири средни училишта во Скопје
Закани за поставени бомби во четири средни училишта во Скопје

Продолжуваат лажните закани за бомби во скопските училишта. „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“ се четирите средни училишта кои околу 9:30 часот добиле заканувачки пораки преку електронските пошти дека во нивните објекти е поставена бомба. Учениците и вработените биле веднаш евакуирани.
„Веднаш по приемот на пријавата од полициските службеници преземени се мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Извршени се детални проверки од страна на антитерористичките екипи при што е констатирано дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Патот кон“ рече дека се вршат истраги во повеќе насоки. Тој сепка, нагласи дека е потребна меѓународна правна помош за проверка на доказите.
Заканите првично беа упатувани околу 14 часот, односно во втората смена во училиштата, но во последниве денови дојавите пристигнуваат и во утринските часови. Електронските пријави со лажни дојави за бомби почнаа да се испраќаат до училиштата на 26 октомври./Alsat.mk
Ајнур Бафќари