ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Биљал Касами со отчет за сработеното за една година во Тетово

Биљал Касами со отчет за сработеното за една година во Тетово

Првиот човек на Тетово Биљал Касами соопшти дека во првата година од управувањето со општината вратил 3 милиони евра од долгот. Призна дека голем број ветувања не се исполнети, но најави дека инфраструктурните проекти ќе се реализираат во текот на следната година.

Advertisements

„За ова време успеавме да отплатиме дел од долгот и реализиравме нови проекти. Плаќањето на долгот беше меѓу нашите врвни приоритети. Да вратиме дел од долгот, да ја отклучиме општината и да реализираме проекти. Така успеавме да отплатиме над 3 милиони евра наследен долг и воедно продолживме со реализација на инфраструктурни проекти. Посетивме населби и почнавме со реконструкција на патиштата, ги саниравме оштетувањата на инфраструктурата, обезбедивме повеќе паркинг места и ги ослободивме окупираните јавни површини“, рече Биљал Касами, Градоначалник на општина Тетово.

Касами, исто така на почетокот на мандатот, вети дека ќе го реши проблемот со водоснабдувањето, но во првата година тоа не се случи. Сега пак ветува дека со помош на турска општина догодина за оваа намена ќе се инвестираат 200 илјади евра.

„Имаме ветување од општина Коња дека ќе имаме поддршка од 200.000 евра за новите водомери, со кои сметаме дека ќе имаме решение за проблемот. Работиме и на реструктуирање на ЈКП во две нови претпријатија, со кои исто така ќе ги решаваме проблемите наталожени низ години“, додаде тој.

Не се исполнети ниту ветувањата за катни паркинзи. Касами вети дека овој проект ќе продолжи да се реализира и следната година, за што општината бара и места во нејзина сопственост за изградба на паркинг што беше ветување на почетокот на мандатот. Инаку, во општина Тетово се очекува уредување на ДУП, генерален урбанистички план како и уривање на дивоградби во градот и на Попова Шапка./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button