ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Казнети 568 граѓани поради неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 568 прекршоци, соопшти МВР.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.