Ковачевски: Пријателите се познаваат во маката

Премиерот Димитар Ковачевски во своето воведно излагање во рамки на заедничката меѓувладина седница на С. Македонија и Албанија во Скопје рече дека двете земји се пример за заедничка соработка и пријателство и оти полноправното членство во ЕУ е иста цел за двете земји.
„Како што се вели, во маката се познаваат пријателите, а ти, Еди и вие почитувани колеги од Албанија, покажавте вистинско и искрено пријателство и недвосмислена поддршка и на европскиот пат, но и при нашето зачленување во НАТО. Имаме иста цел, полноправно членство и на С Македонија и на Албанија во ЕУ…со мудри, одговорни и разумни политики кои ги носиме и ја имаат поддршката на мнозинството граѓани на државата, верувам дека можеме да го постигнеме членството во ЕУ до 2030г. Дотогаш С Македонија и Албанија можат многу да си помогнат во економскиот развој. Оваа втора меѓувладина конференција покажува дека тоа и го правиме“, рече Ковачевски.