ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Рама: Отворен Балкан даде можност за пошироки погледи

Албанскиот премиер, Еди Рама, во своето воведно излагање во рамки на заедничката меѓувладина седница на С. Македонија и Албанија во Скопје рече дека двете земји заеднички можат да ја проектираат својата иднина и дека токму иницијативата Отворен Балкан овозможува за поефикасно проектирање на таквата иднина.
„Не треба да очекуваме крај на војната за да проектираме иднина. Верувам дека Отворен Балкан ни даде нови можности да гледаме подалеку во однос на вчера за да разбереме како можеме да го надминеме денес и истовремено да проектираме иднина којашто максимално ќе ги зголеми способностите на нашите земји за да се здобијат со еден поголем простор отколку што е сега нашиот географски простор“, рече Рама.