ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на тв 24
Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на тв 24

Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, потврдуваат за ТВ 24 од истрагата. Пенов ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвонителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот.
Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално а потоа физички го нападна, откако екипа на „ТВ 24“ беше нападната пред куќата на улица „Пржино“ број 28Б која, според официјалните документи, е пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство со владина одлука.
Нападот од сопственикот на куќата, кој дозволил таа да биде пребивалиште на Онишченко во Скопје, без украинскиот олигарх да стапне таму, најпрво почна со пцовки и погрдни зборови кон снимателот на „ТВ 24“, за потоа да го удира со боксови.