ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судско рочиште за „Беса Транс“

Автобусот на „Беса транс“ во кој лани во Бугарија животот го загубија 45 лица, без дозвола за меѓународен превоз успеал да ја помине границата 20 пати за една година. Вакво е тврдењето на обвинителот Владимир Милошевски на судското рочиште за случајот во кој управителот и сопственикот на Беса Транс се обвинети за фалсификување на дозволата за меѓународен превоз. И покрај ова, сопственикот, Беким Хаџиу изјави дека не се чувствува виновен. Автобусот бил купен во 2020 година. Најчесто, поточно 10 пати во текот на 2021 година, минувал преку граничниот премин Деве Баир и сообраќал на релација Скопје-Истанбул. Девет пати минал на Блаце на линијата Скопје-Призрен, а поминал и на Ќафасан кон Албанија.

Advertisements

Пред судот сведочеа претставници на Министерството за транспорт и врски, кои се надлежни за доделување лиценци. Според нив, Беса Транс имала дозвола за меѓународен превоз на патници.

Но, заедно со дозволата се даваат и посебни потврди за секое од возилата. Според доказите, Беса Транс имала сертификати за меѓународни транспортни дозволи за пет автобуси, но не и за изгорениот автобус во Бугарија.

Сепак, одбраната на Беса транс тврди дека нема фалсификување на документот и бараат да не се гони за ова дело.

Според одбраната, точно е дека автобусот немал потврда за лиценца затоа што бил купен за време на корона-кризата и околностите биле такви. Алиспахиќ додаде дека претставници на Беса Транс неколкупати испратиле барања за да го добијат овој документ. Трагичната несреќа се случи на 23 ноември минатата година во раните утрински часови кога автобусот се враќал од Истанбул. Удрил во ограда на автопатот Струма. Меѓу загинатите 45 патници, 12 беа деца, а седум лица преживеаја. Судењето продолжува на 23 декември.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button