МАКЕДОНИЈА
Максим Димитриевски реагира за инцидентот во Куманово

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски побара одговор од надлежните во МВР по синоќешниот инцидент.
„Кој се обидува да го наруши соживотот во Куманово и дали оваа е само изолиран инцидент? Дали концертите кои пред пет дена го наполнија плоштадот со млади Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Црногорци и други можеби вознемирија поедини политички субјекти и самопрогласени авторитети, па навлегуваат во веќе видени сценарија? Чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети?“, напиша Димитриевски.