
Трката за вакцина против коронавирусот доби уште еден адут. Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ забележа импресивни резултати од испитувањата во третата фаза, пренесува Гардијан.
Анализата објавена денеска, врз основа на 95 пациенти со потврдена инфекција со Ковид, открива дека вакцината има ефикасност од 94,5%. Од компанијата соопштија дека планираат да се обратат до американскиот регулатор, Агенцијата за храна и лекови (ФАО), за одобрение за итна употреба во наредните недели.
Овие резултатите се најновите охрабрувачки вести што произлегуваат од огромниот напор за развој на вакцина против коронавирусот и следат по објавувањето на податоците од анализата на вакцината произведена на почетокот на овој месец во соработката помеѓу „Pfizer“ и германската фирма „BioNTech“, а според која нивната вакцина е 90% ефикасна во спречување на болеста.
Резултатите од „Модерна“ се анализирани од независен одбор за надзор над безбедноста на податоците, назначен од Националниот институт за здравство.
Освен ефикасноста, друга важна работа по која се издвојува вакцината на Модерна е што не бара складирање на екстремно ниски температури, туку е стабилна на температури од два до осум степени за 30 дена и може да се чува на температура од минус 20 за шест месеци.
Вакцината на Фајзер мора да се чува на минус 70, додека рускиот Спутник В, кој е ефикасен 92 проценти, може да се чува на минус 18.