ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Директорот на АНБ во петок ќе реферира за државјанството на Онишченко

Директорот на Агенцијата за Национална безбедност Виктор Димовски, не се појави на седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, за да каже како на контроверзниот Украинец Александер Онишченко, му е обезбедено државјанство. Своето остсуство Димовски го оправда со патувањето во странство. Според првиот човек на комисијата, Димовски во петок ќе реферира пред Собранието, кога според него треба да одговори на следните прашања:

Advertisements

Дали АНБ знаело дека лицето Онишченко е на црната листа на САД, дента кога ги донел документите за добивање на македонско државјанство до денес?
Дали АНБ има сознанија дека Онишченко од матичната земја е осомничен за криминал и перење пари во износ од 100 милиони евра?
Истиот човек бил пратеник во украинскиот парламент, но законодавецот на таа земја му го земала мандатот?!
До денес кога зборуваме, од Украина за дотичното лице има распишана потерница?!
Дали дотичниот господин има и руско државјанство?!
Како АНБ утврди дека истото лице има „чисто досие“?

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи го скандалот со државјанството на Онишченко, рече дека постапката на Владата покажува дека биле лажни нивните проамерикански, ЕУ и НАТО принципи.

Онишченко како непожелна личност прогаласена од САД, поради влијание на претседателските избори, успеа да ги помине филтрите, и да добие позитивна оценка за добивање на државјанство. Онишченко поднел барање за државјанство во 2021 година, додека статусот на државјанство го доби благодарение на одлуката на Владата во мај 2022 година.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button